Објавен е вториот трејлер за долгоочекуваниот филм „House of Gucci“ во кој главните улоги ги толкуваат Лејди Гага и Адам Драјвер.
Многумина предвидуваат дека филмот на режисерот Ридли Скот ќе биде еден од најголемите филмски хитови оваа година. Сценариото за „House of Gucci“ e правено според книгата Сара Геј Форден „Тhe House of Gucci: A Sensational Story of Murder, Madness, Glamour and Greed“.
Лејди Гага ќе ја глуми контроверзната Патриција Реџани која поминала 18 години во затвор бидејќи ангажирала платен убиец да го убие нејзиниот поранешен маж. Во затворот ќе добие прекар „Black Widow“, а на слобода е пуштена во 2016 година.
Странските медиуми коментираат дека животот на Патриција и нејзиниот гламурозен брак со наследникот на Gucci и скандалозното обвинение е приказна која заслужува филмско платно.
Луѓето се воодушевени од глумата на Лејди Гага.
„Гага е толку природна што дури ќе заборавите дека таа всушност глуми“, стои во коментарот.
Во коментарите публиката предвидува дека Гага ќе добие Оскар за улогата во овој филм.
„Гага дефинитивно ќе добие Оскар за оваа улога“, пишуваат во коментарите.
Покрај Гага и Драјвер, во филмот играат и Ал Пачино, Џереми Ајронс и Џеред Лето.
Филмот пристигнува на 24 ноември 2021 година.