Полицаец фатен со бела прашкаста материја, не дозволил нарко тест

На 29.03.2024 вработени во Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР извршиле контрола на работното место на полицискиот службеник А.М. од Полициската станица Охрид, обезбедување на вила Бела, сопственост на Министерството за внатрешни работи.

Притоа, на работната маса во стражарската куќа биле пронајдени бела прашкаста материја, шише исполнето со течност и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.

После тоа, А.М. одбил да соработува и не дозволил да му биде извршено испитување за присуство на метаболити од наркотични средства во урината во Институтот за судска медицина во Скопје, извести МВР.

„Исто така, при контролата било констатирано дека А.М. ја преземал смената од С.Т. без да извршат примопредавање, при што С.Т. во објектот го оставил своето формациско оружје со полна рамка со муниција и останата службена опрема за обезбедување на објектот, оставајќи го клучот од просторијата во близина на објектот.

Против А.М., Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор на МВР и ќе бидат изречени задолжителни мерки за отстранување од работно место поради оневозможување на утврдување на одговорност за повреда на работните обврски по член 214 став 1 алинеја 3 од Колективниот договор на МВР.

Против С.Т., Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина по член 210 став 1 точка 10 од Колективниот договор.

Исто така, во врска со настанот и по негово целосно документирање, против полицискиот службеник А.М., СВР Охрид ќе поднесе соодветна кривична пријава“, соопшти МВР.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Хроника

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Read more

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Read more

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Read more
 

Вести

Без струја дел од корисниците на Волково и Кучково

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне дожд

Читај повеќе

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе