Полицијата санкционирала 478 лица за неносење заштитни маски

Полициските службеници досега констатирале вкупно 25.976 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 478 прекршоци се во изминатото деноноќие.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат, во текот на изминатото деноноќие извршени се 80 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата, извести министерот на внатрешни работи Наќе Чулев преку социјалните мрежи.

На територијата на целата држава на вкупно 366 лице им се издадени решенија за изолација, а 9 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

„Полициските службеници се во првите редови во справување со пандемијата со COVID-19 и тие во континуитет преземаат мерки за контрола на почитување на одлуките на владата“, напиша Чулев на Facebook и додаде дека уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и „сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала“.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе