Полициска командантка обезглавена на автопат во Мексико

Мексиканските власти вчера објавија дека висока полициска службеничка и нејзините двајца помошници биле убиени при напад на автопат во државата Мичоакан.

Агенцијата за државна безбедност на социјалните мрежи објави дека тројца полицајци биле убиени на должност во неделата вечерта, пишува CBS News.

Меѓу нив е Кристал Гарсиа Уртадо, регионален полициски командант. Локалните медиуми јавија дека напаѓачите ѝ ја отсекле главата.

„Го осудуваме кукавичкото убиство на нашите колеги од полицијата кои беа брутално нападнати додека ја извршуваа својата должност“, се вели во објавата на социјалните мрежи, во која се идентификувани другите две жртви како Ицел Мадеро Лареа и Давид де Хесус Еспиноса Валдес.

Нападот се случил на автопатот што ги поврзува градовите Пацкуаро и Уруапан.

Државното обвинителство на Мичоакан, кое ја води истрагата, веднаш не го коментираше инцидентот. Мичоакан има голем проблем со конфликтите меѓу бандите.

На почетокот на овој месец, тројца земјоделци беа разнесени со бомба. Тоа се случи само неколку дена откако претседателот Андрес Мануел Лопес Обрадор призна дека импровизирана експлозивна направа убила најмалку четворица војници во, како што рече, стапицата што веројатно ја поставил картелот Мичоакан.

Во февруари, двајца кандидати за градоначалник на градот Мараватио беа убиени во еден ден.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе