Полициски час од полноќ до 4 часот наутро, дел од ковид-центрите затворени

Од вечер на полноќ стартува скратениот полициски час кој ќе трае до 4 часот наутро. Со одлука на Владата во вторникот, рестриктивните мерки се олабавуваат до 18 мај.

Работното време на угостителските објекти е продолжено до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.

Од вчера со работа започнаа и вежбалните, фитнес клубовите, спортските центри, салите за вежбање и игротеките, но во овие објекти е задолжително почитување на протоколите за работа. Се дозволува и организирање на инвент настани, но за нив, ќе важат истите протоколи од претходно, односно до 30 проценти исполнетост на капацитетите во внатрешноста на објектите и до 50 проценти исполнетост на отворен простор. Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика.

Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките. Согласно одлуката на Владата, дозволено е бројот на деца во воспитните групи до две години да се зголеми на 15, а кај воспитните групи од 2 до 6 години на 20 деца.

Предлогот за олабавување на мерките во понеделникот го донесе Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.

Поради намалениот број пациенти со COVID-19 од вчера изутрина се затворени ковид – центрите во неколку клиники во Скопје и дел од капацитетите за ковид пациенти во болниците во другите градови. Затворени се ковид – центрите на клиниките за кардиологија, за ОРЛ, за очни болести и Институтот за физикална терапија.

Од почетокот на неделава без ковид – пациенти се и Клиниките за урологија и Пластична хирургија кои веќе почнаа со редовен хируршки програм. Во петок ќе се затвори и ковид – центарот на Клиниката за трауматологија при ТОАРИЛУЦ, а од понеделник Клиниката за ортопедија и Клиниката за трауматологија почнуваат со редовен хируршки програм, соопшти вчера Министерството за здравство.

На инфективните одделенија во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 649 пациенти со COVID-19 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Според вчера објавените податоци од Институтот за јавно здравје, регистрирани се 150 нови случаи со COVID-19. Пријавени се вкупно 16 починати пациенти, од кои најмладиот е 50-годишен скопјанец. Регистрирани се и 487 оздравени пациенти.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 154.372, бројката на оздравени пациенти е 139.266, на починати е 5.151, а бројот на активни случаи изнесува 9.955.

Вакцинацијата, како што вчера соопшти Министерството за здравство, се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација, велат, секојдневно се зголемува, а досега 318.793 граѓани изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk.

На граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје“ вчера пристигнаа и шест илјади дози вакцини против COVID-19, донација од Владата на Република Унгарија. Донацијата ја примија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Овие вакцини ќе бидат наменети за имунизација на припадниците на МВР, поточно за Граничната полиција, која согласно надлежностите и обврските е во поголема мерка изложена на предизвиците од актуелната глобална пандемија со COVID-19.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе