Политичарка од Косово фатена на дело како се дрогира: Ме натераа!

Приштинскиот медиум Nacionale објави снимка на која наводно се гледаат општински службеници како користат дрога на работа.

Меѓу нив е и Драгана Милетиќ, потпретседателката на општината, која многу брзо по оваа афера беше разрешена.

На површина излегоа нови тврдења на Милетиќ дека била „принудена да се дрогира“, иако таа на почетокот негираше.

Порталот Nacionale објави видео на кое, како што тврдат, може да се види како Милетиќ консумира наркотици во тоалетот и во општина Лепосавиќ. На второто видео се гледаат повеќе службеници, а меѓу нив и припадник на полицијата. Драгана Милетиќ прво ги отфрли ваквите тврдења и за тоа ја обвини Српска листа.

„Тоа е лага, тие од Српска листа го измислуваат ова, да ми се закануваат со името и позицијата во општина Лепосавиќ. Од почетокот на мојот мандат се појавија разни приказни, само да ме уништат. Ми ја запалија и колата. Неверојатно е колкав притисок ми извршија, но ќе се борам до крај“, изјави Милетиќ за Nacionale.

Откако беше утврдено дека снимката е автентична, претседателот на општината Љуљзим Хетеми ја разреши Милетиќ.

По отказот, таа самата го контактирала порталот Nacionale за да даде изјава во која тврди дека била „присилена“ да консумира дрога и дека и се заканувале дека ќе ѝ ја бомбардираат куќата. Таа во исто време оваа информација ја дала и на обвинителството, пишува Kosovo online.

Порталот Nacionale објави и видео на кое се гледа како неколку мажи, меѓу кои и општински службеници и полицаец, наводно консумираат наркотици.

Набргу потоа, полицискиот инспекторат на Косово (PIK) соопшти дека препорачал суспензија на полицаец во Лепосавиќ поради сомневање дека конзумирал дрога, напиша Kossev.

„Истражувачите на Полицискиот инспекторат на Косово покренаа истрага по објавувањето на нови снимки во медиумите, врз основа на кои се сомнева дека службеници од општина Лепосавиќ консумирале наркотици во објектот на општината“, се наведува во соопштението.

Тие прецизираат дека истрагата ја почнале поради сомнение дека на објавените снимки можеби има полицаец.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Читај повеќе

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе