Половина сендвич за студентите, за министрите над 2.000 евра плата, реагира ДД

Младината на Демократското движење, денеска е на протест против промените во законот за субвенциониран оброк на студентите, пред Министерството на образование и наука.

„Министерството за образование и наука и Владата ни го ограничуваат користењето на ова преку диктат како во времето на комунизмот и континуирано нè срамат и си играат со нашата интелигенција“, реагираат младите од Демократското движење на Изет Меџити (Lëvizja Demokratike).

„Ние, студентите, до крајност сме иритирани затоа што покрај малиот субвенциониран оброк, со кој можеме да си дозволиме само половина бургер во специјалните локали за храна, Владата сега ни го ограничува и неговото користење, така што, ова го оценуваме како срамно однесување кон нас, идните академски граѓани.

Со одлука на Министерството на образование и наука од оваа учебна година, на тие малкумина студенти што ја добиваат оваа субвенција им се наметнува обврската овие средства да ги трошат со диктат, од понеделник до сабота, и тоа 140 денари на ден, на специјални места за храна и без право на повлекување готови средства.

Ова го оценуваме како срамен чин бидејќи по скандалот на покачување на нивните плати, министерот за образование добива над 120 илјади денари месечно или над 6.000 денари дневен надоместок, а и тие 140 денари, кои ни ги доделува државата како милост, нè спречува да ги трошиме каде сакаме и на што сакаме.

Бараме субвенционираниот оброк да се покачи на 300 денари, без рестрикции како тие ќе се потрошат, или 6.000 денари месечно, толку колку што министрите добиваат за еден работен ден“, велат од оваа партија.

„Ако Министерството за образование и наука имало средства да плати толку скапа апликација да нè контролира како ние го трошиме дневниот оброк, тогаш нека најдат средства со ребаланс на буџетот и да ни понудат студентски оброк во вредност од 300 денари на ден за сите студенти без селектирање и да ги тргнат прстите од нашата скромна чинија“, велат младите од Демократското движење.

Апелираат владините мерки да ги мотивираат студентите да останат во државата и да не одобруваат мерки што ги поттикнуваат младите да си заминуваат.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе