Полска ја обвини Белорусија дека користи бегалци како жив штит

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки изјави денеска дека неговата земја е подготвена да дозволи влез на некои од околу 30-те бегалци од Авганистан, кои со денови се блокирани без храна и вода на ничија земја меѓу Полска и Белорусија.

Моравјецки, сепак, додаде дека Полска не се согласува режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко на тој начин „да ѝ држи пиштол во чело“.

– Некои луѓе би можеле да бидат пуштени во Полска, но важна е веродостојната идентификација. Ние имаме должност да ја браниме нашата граница. Замислете таа да не е непропустлива. Пиштолот кој г-дин Лукашенко ни го држи впрен на нашите чела, би можел тогаш да пукне, односно, преку границата би можеле да влезат многу мигранти, бегалци, луѓе со кои сочувствувам, но кои се алатка во неговите раце, истакна Моравјецки.

Бегалците, кои кампуваат во ничија земја на преминот Уснаж Гони, се спречени од полската гранична стража да влезат во таа земја, а Белорусија не им дозволува да се вратат и евентуално да побараат азил.

Моравјецки, исто така, рече дека Полска никогаш нема да се согласи Белорусија да префрли бегалци од Авганистан и Блискиот Исток, иако тие можат да побараат азил во Белорусија, бидејќи таа е регистрирана како безбедна земја.

На полско-белоруската граница се блокирани 32 бегалци од Авганистан, меѓу кои жени, 15-годишно девојче и болни луѓе. Тие 11 дена се наоѓаат на ничија земја, а патувале 25 дена, соопштија претставници на полската фондација Spas

Фондацијата успеа на групата да ѝ достави храна, предмети за лична хигиена и шатори, а од нив презеде полномошно за адвокати, кои во нивно име ќе поднесат барање за азил во Полска. Според наводите на фондацијата, полската гранична стража не им дозволува на бегалците да аплицираат за азил.

Шефот на бирото за надворешна политика во кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска во Литванија разговара за проблемот со зголемениот прилив на бегалци, за што Вилнус ја обвинува Белорусија.

– Ова не е прашање дали можеме да ги пуштиме или не. Тоа е прашање дека друга земја, режим, ги користи луѓето како жив штит. Не смееме да го дозволиме тоа. И јас зборувам за тоа денес во Литванија, изјави Јакуб Кумох.

Кога Литванија воведе вонредна состојба на границата со Белорусија, бегалците почнаа да пристигнуваат на границите на Белорусија со Латвија и Полска.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Свет

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Read more

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе