Полски свештеници правеле оргија со жиголо, му се слошило, не му помогнале веднаш

Полски медиуми јавуваат дека неколку свештеници во градот Даброва Горница организирале оргии во зграда што ѝ припаѓа на парохијата.

Според локалните медиуми, секс-забавата се случила во стан кој го користел свештеник. На оргиите имало и жиголо, кој изгубил свест и првично му била ускратена лекарска помош, пишува порталот Notes from Poland.

Поради оргијата во базиликата, полскиот бискуп Гжегож Кашак напиша писмо во кое јавно се извини за „болните настани во епархијата“. Писмото на бискупот беше прочитано на миса во црквите низ епархијата.

Обвинителството најави истрага за овој настан, а што се случило не соопштуваат ниту црквата ниту обвинителството. Локалната епархија соопшти дека некои аспекти од медиумските извештаи се неточни.

Минатата недела, Gazeta Wyborcza, водечки либерален дневен весник, објави дека свештениците во Даброва Горница, град во Јужна Полска, организирале забава во парохиска зграда на која бил поканет жиголо.

„Настанот беше чисто сексуален по природа“, изјави за весникот неименуван извор запознаен со инцидентот. „Учесниците земаа лекови кои ја зголемуваат потенцијата.“

Gazeta Wyborcza објави дека „забавата излегла од контрола и машката проститутка изгубила свест“, што предизвикало повик во Брза помош. Меѓутоа, кога пристигнале болничарите, им било забрането да влезат во просториите. Болничарите потоа, наводно, повикале полиција, која им помогнала да стигнат до онесвестениот маж.

Отворена е истрага

Портпаролот на локалното обвинителство за Gazeta Wyborcza изјави дека е започната истрага за можното неукажување помош на лице чие здравје е загрозено, што е кривично дело казниво до три години затвор.

Како одговор на прашањата на весниците, локалната католичка курија потврди дека имало инцидент со „интервенција на службите за итни случаи и полицијата во зграда што ѝ припаѓа на парохијата“. Се вели дека бискупот назначил комисија итно да објасни што се случило.

Куријата во следното соопштение објави дека „досегашните наоди на комисијата се разликуваат од информациите презентирани од некои медиуми“, иако не даде никакви дополнителни детали.

Свештеникот во чиј стан се случил наводниот инцидент е отстранет од сите должности

Во четвртокот вечерта некој ја запалил вратата од базиликата во парохијата каде што се случил наводниот инцидент. Пожарникарите го изгаснале пожарот и нема повредени. Полицијата подоцна приведе маж осомничен дека го подметнал пожарот.

Во петокот куријата објави дека свештеникот Томаш З., во чиј стан се случил наводниот инцидент, бил отстранет од сите црковни должности „до расчистување на работата“.

Во меѓувреме, неделниот католички магазин Niedziela објави дека ја прекинал соработката со Томаш З., кој претходно беше главен уредник на неговото локално издание Sosnowiec.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе