Помалку познат симптом на опасна болест може да се открие при чешлање

Губењето на косата е природна состојба во фазите на раст, но има и бројни други причини, кои би било добро да ги проверите кај лекар.

Една од причините за опаѓање на косата може да биде стареењето или недостатокот на одредени витамини во организмот. Меѓутоа, ако забележите значително губење на косата, тоа може да биде знак дека вашето здравје е загрозено.

Хирургот на клиниката за коса „Харли Стрит“, Грег Вајда, вели дека губењето на косата е малку познат симптом на дијабетес. Тој истакнува дека високото ниво на шеќер во крвта може да предизвика губење на косата.

Тој наведува дека постојат два главни типа на дијабетес, тип 1 и тип 2. Првиот го опишува како доживотна состојба во која имунолошкиот систем ги напаѓа и уништува клетките што произведуваат инсулин. За тип 2, тој наведува дека луѓето можат да го имаат со години без воопшто да го сфатат. Тоа е состојба кога телото не реагира правилно на инсулин.

Високото ниво на шеќер во крвта може да ги оштети крвните садови, кои се важни за растот на косата. Доктор Вајда посочува дека крвните садови носат кислород низ телото. Во нормална состојба, растот на косата поминува низ три фази и тоа фаза на активен раст, фаза на одмор и фаза на опаѓање.

„Поради промените во циклусот на раст на косата, луѓето со дијабетес може да очекуваат да губат повеќе коса од вообичаено. Иако високите нивоа на шеќер во крвта нема целосно да го запрат циклусот на раст, луѓето со оваа состојба може да забележат дека ја губат косата побрзо отколку што им расте, што доведува до проретчување“, истакнува овој доктор.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе