Поранешна вработена во концентрационен логор побегна пред судење на 96 години

Судењето на 96-годишната Ирмгард Фурхнер за учество во убиството на затворениците во концентрациониот логор Штутхоф за време на Втората светска војна е одложено бидејќи обвинетата е во бегство, соопшти судот во Ицехое, во близина на Хамбург.

„Провинцискиот суд издаде налог за апсење“, рече судијата Доминик Грос.

URL

Според судот, обвинетата, која живеела во дом за стари лица во предградието на Хамбург, рано утрово се качила со такси, кое ја однело до првата метро станица во Хамбург. Нејзината моментална локација не е позната.

Денес, на првиот ден од судењето, требаше да се прочита обвинителниот акт и да се утврди дали обвинетата е при здрава свест и разум.

URL

Фурхнер се товари за учество во убиството на 11.000 притвореници

Деведесет и шестгодишната Ирмгард Фурхнер е обвинета за помагање во убиството на најмалку 11.000 затвореници додека работела како стенографка во логорот Штутхоф во близина на Гдањск помеѓу 1943 и 1945 година.

„Обвинетата пружала систематска помош на раководството на логорот при убиството на затворениците“, се наведува во обвинението.

Според Централната канцеларија за идентификација на жртвите на националсоцијализмот, вкупно повеќе од 65.000 луѓе, претежно Евреи од Источна Европа, ги загубиле животите во концентрациониот логор Штутхоф. Логорот беше познат по тоа што, за разлика од другите нацистички логори, затворениците не биле убивани во гасни комори, туку повеќето од нив починале од исцрпеност и глад.

Меѓународниот комитет за Аушвиц изрази огорченост што обвинетата не се појави пред судот.

„Ова покажува неверојатен презир, не само за владеењето на правото, туку и за преживеаните од Холокаустот“, се вели во соопштението на комитетот.

URL

Поради големиот интерес на медиумите, судењето треба да се одржи во индустриска сала во предградието на Хамбург.

Ова е веројатно едно од последните судења од ваков вид.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Свет

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Read more

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Read more

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе