Поранешни колумбиски војници се убијците на претседателот на Хаити

Група платеници составена претежно од поранешни колумбиски војници го извршила напад во кој беше убиен претседателот на Хаити, Жовенел Моиз, соопшти полицијата.

Еден од уапсените Колумбијци

„Во групата имало 26 Колумбијци и двајца Американци со хаитско потекло. Осуммина од осомничените сѐ уште се на слобода, додека 17, меѓу кои и двајцата Американци, се уапсени“, изјави началникот на полицијата Леон Шарл пред новинарите.

Останатите осомничени се убиени во борбите со полицијата во главниот град Порт-о-Пренс.

Група вооружени лица упаднаа во приватната резиденција на претседателот во раните утрински часови на средата. Сопругата на претседателот Мартен Мари Етјен Жозеф беше повредена во нападот и потоа пренесена на Флорида на лекување, каде што, наводно, се наоѓа во стабилна состојба.

Сè уште не е јасно кој го организирал нападот и кој е мотивот. Привремениот премиер на Хаити, Клод Жозеф, за BBC изјави дека 53-годишниот претседател можеби бил мета поради неговата борба против олигарсите во земјата.

Во четвртокот, полицијата претстави некои од осомничените пред медиумите, заедно со оружје, колумбиски пасоши и други докази.

„Странците дојдоа во нашата земја да го убијат претседателот. Ние ќе ги засилиме истрагите и претресите за пресретнување на другите осум платеници", рече Шарл.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more
 

Вести

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе