Бројот на милионери ширум светот ја надмина границата од 20 милиони во текот на 2020 година, покажуваат новите податоци на компанијата Capgemini.
Бројот на луѓе чие богатство е вредно милион долари и повеќе во текот на пандемијата се зголеми за 6,3%, односно на 20.8 милиони луѓе. Севкупното богатство во сопственост на тие луѓе порасна за 7,6% или за вкупно 80.000 милијарди долари. Сето тоа благодарение на зголемените акции на берзите.
Земји со најбогати луѓе се: САД, Јапонија, Германија и Кина. Во овие земји живеат 63% од светските богаташи.
Најбрз раст во 2020 година има меѓу супербогатите, оние кои имаат богатство вредно најмалку 30 милиони долари. Оваа бројка порасна за 9% во 2020 година.
Компанијата Capgemini ги следи цените на акциите, обврзниците со сопственост, алтернативните вложувања, парите и имотот при процена на вредноста. Објавените податоци се според информации од меѓународни организации како Светска банка, но и од податоци од анкети на богаташи и нивните финансиски менаџери.