Пораснаа акциите во технолошкиот сектор

На Волстрит вчера пораснаа S&P 500, како и Nasdaq индексот, што најмногу се должи на скокот на цената на акциите на Nvidia во пресрет на објавувањето на деловните резултати на технолошкиот гигант.

Dow Jones загуби 0,11 отсто, на 34.463 поени, додека S&P 500 порасна за 0,69 отсто, на 4.399 поени, а Nasdaq индексот зајакна 1,56 отсто, на 13.497 поени.

Растот на S&P 500 и Nasdaq е благодарение на зајакнувањето на технолошкиот сектор, при што најголем раст има секторот на производители на чипови, во просек за 2,8 отсто.

Најголем добитник, со скок на цената од 8,5 отсто, беше акцијата на Nvidia, откако аналитичарите на банката HSBC ја зголемија целната цена на акциите на производителот на чипови пред објавувањето на кварталните деловни резултати во среда.

Цената на акцијата на Nvidia порасна за повеќе од 220 отсто од почетокот на годината, благодарение на еуфоријата околу развојот на вештачката интелигенција (ВИ).

„Nvidia се смета за бренд за вештачка интелигенција. Цената на таа акција драстично порасна, па се поставува прашањето дали тоа го следат деловните резултати на таа компанија“, вели Квинси Крозби, стратег во LPL Financial.

Во повеќето други сектори, цените на акциите или паднаа или благо пораснаа. Ова е резултат на натамошното зголемување на приносите на американските обврзници, што предизвика остар пад на цените на акциите минатата недела.

Приносот на 10-годишните државни обврзници вчера достигна ново највисоко ниво од 2007 година.

Приносите растат поради шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги зголеми каматните стапки уште еднаш до крајот на годината или да ги задржи на покачени нивоа подолго од очекуваното.

Имено, сите најнови податоци покажуваат дека американскиот пазар на труд и понатаму е силен, што би можело да поддржи натамошен раст на потрошувачката, а со тоа и повисока инфлација.

Во фокусот на инвеститорите ќе биде овонеделната средба на лидерите на најголемите централни банки во светот во американскиот град Џексон Хол. Коментарите на водечките централни банкари за состојбите во економиите и каматните стапки би можеле значително да влијаат на насоката на пазарот.

И на повеќето европски берзи цените на акциите вчера пораснаа. Сепак, лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,06 отсто, на 7.257 поени, но франкфуртски DAX зајакна за 0,19 отсто, на 15.603 поени, а париски CAC 0,47 отсто, на 7.198 поени.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе