Последниот примерок на Airbus А380 излезе од фабриката во Тулуз

МИА / КАЈГАНА
/ 17.03.2021 / 20:18

Последниот произведен примерок на Airbus А380 го напушти Тулуз, полетувајќи  од аеродромот „Блањак“ кон центарот каде се финализираат авионите во Хамбург, Германија.

Последниот Суперџамбо во Хамбург ќе ги добие своите внатрешни делови и таму ќе биде обоен во боите на компанијата Emirates, последниот клиент на Airbus А380. Досега се насликани само перката и четирите мотори на авионот. Овој последен примерок ќе биде испорачан во текот на 2022 година и со него ќе се означи крајот на сагата што почна на 27 април 2005 година, кога беше изведен првиот лет на гигантскиот авион замислен од Airbus на крајот на 1990-тите .

Надевајќи се дека ќе го истисне Boeing 747 од големиот пазар на авиони, А380 на крајот не го исполни очекуваниот комерцијален успех со само 251 произведени единици, од кои дури 122 за својот најголем клиент: компанијата Emirates. А380 влезе во функција кога избувна финансиската криза во 2008 година, предизвикувајќи пад на воздушниот сообраќај. Првично Airbus очекуваше производството на околу 700 парчиња од овој модел да ги амортизира трошоците за програмата. Продажната програма никогаш не беше исполнета и покрај наклонетоста на јавноста кон овој супер џамбо што изгледа тивок, смирувачки и нуди невиден простор на комерцијален авион. Airbus реши да ја заврши програмата во февруари 2019 година.

Вкупно, 300 милиони патници веќе летале со авионот А380 и оваа бројка ќе продолжи да расте затоа што, и покрај кризата со коронаворусот, неколку компании ќе ги вратат во употреба своите А380, пред сѐ Emirates, British Airways и Singapore Airlines, компанија која во моментов го реновира најстариот од своите модели А380. Додека, Air France дефинитивно го повлече леталото од својата флота.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Вести

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе