Потпечен модар патлиџан со мелено месо и кашкавал

Потпечениот модар патлиџан полнет со мелено месо и посипан со кашкавал може да се сервира за ручек, вечера или кога ќе ви дојдат пријатели.

Модриот патлиџан е зеленчук со силен вкус и не секој сака да го јаде. Но, ако го подготвите на вистински начин, сигурно ќе им се допадне и на најпребирливите. Ви го пренесуваме совршениот рецепт за модар патлиџан печен со мелено месо и кашкавал. Подготовката е едноставна и не бара многу време, а вкусот е фантастичен.

Потребни состојки:

  • 3 модри патлиџани
  • 300 гр мелено месо
  • 250 гр кашкавал
  • 60 гр пармезан

за модрите патлиџани:

  • 40 мл маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка блага пипер
  • 1 лажичка оригано
  • 1 лажичка лук во прав
  • малку бибер

за месото:

  • 1 кромид
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 2 чешниња лук
  • 2 лажички сол
  • 2 лажички блага пипер
  • ½ лажичка мелен коријандер
  • ½ лажичка мелен ким
  • малку бибер
  • 1 конзерва сечкан пелат

Подготовка:

Модриот патлиџан исечете го на кришки, па наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Во сад измешајте маслиново масло, сол, бибер, блага пипер, оригано, лук во прав и измешајте. Со добиената смеса премачкајте ја секоја кришка модар патлиџан. Печете во загреана рерна на 160°C околу 20 минути.

Во тавче на малку масло пропржете го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете го меленото месо. Кога месото малку ќе се испржи, додадете сол, бибер, посипете со блага пипер, коријандер и ким. Промешајте. Потоа додадете ги сечканите пиперки и пржете додека сѐ не биде готово. На крај додадете мелено лукче и пелат, измешајте и оставете да се крчка уште 10 минути.

Извадете ги кришките модар патлиџан од рерна и прелијте ги со филот од месо, па посипете со рендан кашкавал. Покријте со друго парче модар патлиџан, повторно прелијте филот и посипете со рендан кашкавал. Направете го тоа додека не ги потрошите состојките. На крај над сѐ изрендајте пармезан. Вратете во рерна и печете уште 15 минути.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе