Потпишан Кодекс за фер и демократски избори

МИА
/ 18.06.2020 / 12:52

Претставници на политичките партии и коалиции на претстојните предвремени парламентарни избори на 15 јули во Државната изборна комисија (ДИК) потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Апелите од ДИК и од претставниците на учесниците на изборите се исто така насочени кон почитување на мерките за заштита од COVID-19.

Претставниците на помалите партии побараа партиите да ги вратат парите за изборите и да им се дозволи зголемување на минутажата за нивно претставување во медиумите.

Пред прекинот на изборните дејствија во март, ДИК ги потврди листите на 15 коалиции и партии со 1.598 кандидати, а го утврди и изгледот на гласачкото ливче.

Со свои кандидатски листи во сите шест изборни единици ќе учествуваат ДУИ, коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ и Беса, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ „Обнова на Македонија“, политичката партија ИНТЕГРА, „Никогаш северна, секогаш Македонија“, Демократи, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Левица и Работничката партија и ДПА.

СДУ, ГДУ и Глас за Македонија нема да учествуваат во „шестката“, односно поднесоа листи само за изборните единици 1, 2, 3, 4 и 5. „Твоја партија“ доставила кандидатски листи за изборите единици 1, 2 и 5.

По потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори, ДИК ќе изврши жрепка за определување на билбордите за политичко рекламирање.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more
 

Ново

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе