Потпивнатиот Вучиќ стана атракција на Самитот Отворен Балкан

Со поздравни обраќања на премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Албанија Еди Рама во Белград започна лидерскиот Самит „Отворен Балкан“.

Официјални лица од земјите од регионот вчера се собраа во Белград на отворањето на самитот на иницијативата Отворен Балкан, каде во рамките на почетокот на самитот се одржа саем наречен „Винска визија на Отворениот Балкан“. Но, се чини дека некои функционери малку повеќе се опуштија на овој настан.

Во стилот на вистински домаќин, српскиот претседател Александар Вучиќ ги угости лидерите на Албанија, Северна Македонија и Црна Гора на овој саем, каде што можеа да уживаат во дегустација на локални вина.

Поминувајќи од штанд на штанд и дегустирајќи вина, Вучиќ во еден момент беше видно поднапиен, а во телевизискиот пренос се пофали дека може многу да испие.

„Ми броеја, испив повеќе од 100 чаши, тоа што не ми е ништо, тоа е друга работа, во сабота пак доаѓам“, се пофали претседателот на Србија во телевизиски пренос.

За време на турата „веселиот“ Вучиќ разговараше и со својата советничка за медиуми Сузана Васиљевиќ, која се обиде да му ја земе чашата со вино.

„Сака да го проба виното. Се грижи да не пијам многу. Во ред е“, им рече Вучиќ на насобраните.

Иако советничката ја врати чашата на штандот откако го проба виното, Вучиќ инсистираше да му ја вратат чашата.

URL

Медиумите во Србија јавуваат дека Васиљевиќ во еден момент се обидела да ја зграби Вучиќ за рака, но тој се оттргнал и со еден поглед ѝ ставил до знаење да се оттргне од него, што на крајот и го направила.

„Виното ги зближува луѓето и овој саем е само конкретизирање на нашата поврзаност во рамките на иницијативата Отворен Балкан“, рече Вучиќ претходно истиот ден.

Иако не се знае какви конкретни резултати ќе даде новиот самит на земји, во едно не треба да се сомнева. На средбата веројатно сите, судејќи по воведот во самитот, ќе имаат проблем со главоболка.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Регион

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Read more

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Read more

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Read more

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе