Потврдена рекордно висока температура на Арктикот

Климатските промени го земаат данокот.

Температурен рекорд на Арктикот од повеќе од 38 степени Целзиусови е забележан минатата година во сибирскиот град Верхојанск за време на продолжен топлотен бран што ја зголеми загриженоста за интензитетот на глобалното затоплување, потврди Светската метеоролошка организација (СМО).

Верхојанск, каде што на 20 јуни 2020 година беше забележана рекордно висока температура, се наоѓа на 115 километри северно од Арктичкиот Круг, регион кој се загрева двојно побрзо од глобалниот просек.

Температурни екстреми

Екстремните горештини придонесоа за ширење на пожарите во шумите и тундрата во северна Русија. Во исто време, тие предизвикаа пожари и поплави, како и рекордни емисии на јаглерод диоксид.

„Можно е, навистина многу веројатно, во иднина да има повисоки температурни екстреми во регионот на Арктикот“, се вели во соопштението на Светската метеоролошка организација (СМО).

Во оваа област, агенцијата на ОН досега има спроведено рекорден број студии за временските екстреми, имајќи предвид дека климатските промени поттикнуваат бури и невидени високи температури.

Бидејќи податоците за влијанието на климатските промени врз арктичкиот регион се нова категорија, тие требаше да се проверат и споредат со другите постоечки податоци како дел од процесот кој вклучува голема мрежа на волонтери.

Нова категорија

Забележаниот температурен рекорд сега е вклучен во официјалните документи на Светскиот архив за временски и климатски екстреми, еден вид Гинисова книга на рекорди за временските услови, во која, на пример, се запишуваат податоци за најсилниот град и најдолгата молња.

Светската метеоролошка агенција претходно воведе нова категорија за регионот на Антарктикот, а по поднесувањето на апликацијата во 2020 година воведе и нова категорија за Арктикот. Во соопштението на агенцијата се наведува дека 2020 година била една од трите најтопли години во историјата на мерењата.

Во исто време, комитетот на СМО ги испитува другите потенцијално рекордни температури, како онаа забележана во 2020 година во Долината на смртта во Калифорнија и температурата од 48,8 степени Целзиусови измерена на 11 август 2021 година, недалеку од сицилијанскиот град Сиракуза.

Сѐ уште станува збор за неофицијален нов рекорд за Италија, но и за цела Европа.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе