Повеќе од 100 праисториски цртежи пронајдени во пештера во Шпанија

Тим научници откри праисториски цртежи во пештерата Кова де ла Вила во Каталонија и ги опишаа делата како „исклучителни, и по нивната уникатност и по нивната одлична состојба на зачувување“.

Откриени се повеќе од 100 праисториски гравури, распоредени на плоча од 8 метри, во пештерата позната како Кова де ла Вила, во североисточниот регион на Шпанија, во Каталонија.

Тимот од Каталонскиот институт за човечка палеоекологија и социјална еволуција (ИПХЕС) ги опиша цртежите пронајдени во медитеранската подземна галерија како „исклучителни, и по нивната уникатност и нивната одлична состојба на зачувување“.

Според експертот од ИПХЕС, Рамон Вињас, делата претставуваат поглед на светот на првите земјоделски општества за време на халколитот и бронзеното време. Гравурите беа откриени за прв пат на 13 мај 2021 година од група од тројца истражувачи на пештерите, а потоа беа анализирани од археолози и палеонтолози од ИПХЕС, се вели во соопштението на Институтот.

Меѓу примероците пештерска уметност се наоѓаат и прикази на различни четириножни фигури, цик-цак, линеарни, аголни и кружни линии, како и голем број зооморфи (можеби говеда и копитари), ѕвездовидни и мрежести линии. Откривањето на пештерската уметност претставува „еден од ретките прикази на подземна шематска уметност во целиот Медитерански лак“, соопшти регионалната влада на Каталонија.

Откритието означува „историска пресвртница за праисториската археологија“, според ИПХЕС.

Пештерата била истражена од Салвадор Виласека во 40-тите, но нејзината локација била изгубена. Истражувачите на ИПХЕС успеале да отворат мала дупка помеѓу камените блокови и стигнале до овална соба од повеќе од 90 квадратни метри.

Првата личност што влегла е Хули Серано, кој на свое изненадување видел „мурал полн со линии и фигури“. Вели дека кога влегол во големата, тркалезна празнина и видел што има внатре, почувствувал „многу голема емоција, која ќе ја носам со себе до крајот на мојот живот“. И без да знае, штотуку открил еден од најважните групи на праисториска пештерска уметност. Од тој момент, истражувачите Рамон Вињас и Жузеп Ваљверду од ИПХЕС почнале да работат на локацијата.

Вињас нагласи дека плочата со гравури е структурирана по 5 хоризонтални линии, една над друга и дека секоја од нив содржи различни врежани фигури кои имаат свое значење и симболика. Научникот истакнува дека се работи за „апсолутно необична“ композиција која укажува на „светогледот на населението на територијата за време на процесот на неолитизација“.

Remote video URL

Една од особеностите е тоа што оваа пештерска уметност е направена „исклучиво со техника на гравирање“, со помош на камени или дрвени алатки или директно со прстите, објасни Вињас. Истражувачот смета дека тоа, како и фактот дека е „стилски многу хомогено“, укажува на симболично значење. Тоа не е резултат на случајност.

Во текот на преодниот период помеѓу халколитот и бронзеното доба, помеѓу доцниот V и доцниот III милениум п.н.е., човечките групи главно биле на отворено, а нивното присуство било многу ретко во подземните шуплини на Каталонија, на североистокот на Пиринејскиот Полуостров. На друго место во Шпанија, примери на подземни простории се пронајдени и во Андалузија, Сеговија, Бургос и Сорија.

За да го гарантира неговото зачувување, регионалната влада го затвори пристапот до Сала делс Граватс (Соба за гравирање). Локацијата е прогласена за културно богатство од национален интерес и се работи на создавање на 3D модел на пештерата, пишува El País.

Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе