Повеќе родени и умрени во градските средини

Скопје, 2 јули 2022 (МИА) – Според податоците на Државниот завод за статистика, во градските подрачја во земјава минатата година живородени се 11.224 деца или 60.2 % од вкупниот број на живородените деца, додека 7.424 или 39.8% се во селските подрачја.

Најголемо учество во однос на вкупниот број раѓања по региони има Скопскиот со 38.9 %, а најмало Источниот регион со 6.3 %.

Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања во градските подрачја е 29,9 години, а во селските подрачја 28,4 години. Просечната возраст кај првите раѓања во градските подрачја е 28,3 години, а во селските подрачја 26,0 години. При првото раѓање, мајката од селските подрачја е помлада за 2,3 години.

Во градските подрачја умреле 17.955 лица или 63,0 %, а 10.561 лице или 37,0 % умреле во селските подрачја. Најголемо учество во однос на вкупното број умрени лица, по региони, има Скопскиот со 30,6 %, а најмало Вардарскиот регион со 8,3 %. Во градските подрачја има 54 умрени, додека во селските подрачја 31 доенче.

Просечната возраст на умрените лица во градските подрачја е 73,2 години, а во селските 73,3 години.

Природниот прираст кај населението e негативен и во градските подрачја изнесува -6.731 лице, a во селските подрачја -3.137 лица.

Податоците за внатрешните миграции, во рамките на истиот регион, покажуваат дека најголемо учество од 37,9 % имаат преселбите од град во село, наспроти меѓуградските преселби со 9,4 %.

Во вкупните миграции на ниво на регион од град во село, најголемо учество има Источниот Регион со 49,2 %, додека во Полошкиот регион најголемо учество имаат меѓуселските преселби, кои учествуваат со 52,2 %.

Салдото на надворешните миграции е најголемо во Скопскиот регион, 1.296 лица, а најмало во Југoисточниот регион 51 лице.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе