Повици за бојкот на новиот Avatar: Расистички е

Покрај сите очекувања што треба да ги исполни, Avatar 2 сега има проблеми и на друг фронт.

Поминаа речиси две недели од кинопремиерата на филмот Avatar: The Way of Water, а Џејмс Камерон со целото свое срце се надева дека филмот ќе може да се приближи до успехот на својот претходник, најуспешниот филм на сите времиња, не само поради престижот, но и поради тоа што понатамошните продолженија зависат од тоа дали Avatar: The Way of Water ќе успее да заработи нешто.

Според реномираниот режисер, новиот Avatar мора да стане еден од најгледаните филмови на сите времиња само за да излезе на „нула“.

Иако филмот главно наидува на добри критики, некои индијански групи повикуваат на бојкот на филмот, тврдејќи дека тој е „ужасен и расистички“ и дека станува збор за културно присвојување.

Џу Бигеј, трансродова уметница и припадничка на племето Навахо, го повика целиот свет да не го гледа филмот за сините вонземјани бидејќи е антииндијански, а нејзината објава на Twitter собра речиси 49.000 лајкови. „Придружете им се на домородните луѓе и домородните групи ширум светот во бојкот на овој ужасен и расистички филм“.

URL

Во низа твитови тој го наведе токму она што според неа е проблематично со филмот, заедно со отвореното писмо до Џејмс Камерон, кое ви го пренесуваме во целост:

„Почитуван Џејмс Камерон, ова е неприфатливо! Црнците и Индијците се повеќе од вредни да глумат вонземјани кои се базираат на нас. Ние треба да бидеме оние чии лица и гласови се појавуваат на екранот. Ние сме експерти во прикажувањето на нашата болка, страдањето и, уште поважно, нашата издржливост. Моите роднини Лакота беа еден од најмоќните народи со кои се сретнале САД. Тие се бореа. Тие победија. Нивните предци ќе се гордеат со нивните потомци за нивниот успешен опстанок, живеење и едноставно постоење со непроменета култура, но тоа не го покажувате во вашите филмови. Наместо тоа, вие избирате да го покажете и величате колонијализмот. Белите луѓе во улога на вонземјани засновани на вистински индиски народи - тоа е колонијализам, тоа е колонијализација.

Постапете како што треба, ангажирајте нè. Ангажирајте ги нашите експерти како писатели, како консултанти, како таленти, како лидери. Престанете да се обидувате да нè водите - вие не сте наш лидер, вие сте аутсајдер, гостин во нашата земја и култура. Однесувајте се така“.

Останува да видиме дали Џејмс Камерон ќе одговори на овие обвинувања, но и дали многумина ќе го прифатат повикот да го бојкотираат филмот Avatar: The Way of Water, што сериозно може да ги загрози идните продолженија.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе