Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Српските медиуми јавуваат дека актерот бил приведен откако купил дрога од познаник и бил приведен во полиција.

Како што јавуваат српските медиуми, синоќа бил уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ. Причина за апсењето е поседување на неколку грама недозволена супстанција.

Трифуновиќ, наводно, бил приведен околу 20 часот во Вождовац, откако наводно купил дрога од познаник, а уапсен е и човекот кој му ја продал дрогата.

„Кај него е пронајдена одредена количина на наркотици, која при апсењето е одземена“, велат извори за српски Informer, наведувајќи дека и двајцата се приведени во полиција.

Српскиот актер и лани во октомври заврши зад решетки. Трифуновиќ тогаш бил приведен бидејќи одбил да плати парична казна, која му била заменета со затворска казна, пишуваат српските медиуми.

Да потсетиме, минатото лето актерот доби една година забрана за влез во Хрватска и во Европската Унија. Забраната е поради неколку прекршоци што ги направил во Сплит.

Засега ниту актерот ниту неговите претставници не се огласиле за новото апсење.

Српскиот актер се прослави со улогите во филмовите Убиство с предумишљајем, Стршљен, Спаситељ, Муње!, Кад порастем бићу кенгур, Караула и серијата Црни Груја.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе