Позитивни на COVID-19 се над 10 отсто од тестираните во земјава

Скопје, 16 јули 2020 (МИА) – Последните тестирања за COVID-19 резултираа со над десет отсто новизаразени од корона вирусот.

Во последното соопштение на Министерството за здравство е наведено дека биле извршени 830 тестирања, а регистрирани се 94 нови случаи со COVID-19. И натаму најголем број на новозаразени од корона вирусот се регистрират во Скопје.  Но, освен новите случаи со корона вирусот здравствените органи информираа дека има 42 оздравени пациенти, од кој поголеми број од главниот град.

Истовремено во Клиниката за инфективини болести, во ГОБ „8 Септември”, во Општатите болници во Прилеп, Струга и Гостивар вчера починаа осум пациенти кој биле позитиви на COVID-19.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. Денеска се евидентира еден контролен тест и исправка за четири оздравени лица од Кратово заради техничка грешка. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Од почетокот на пандемијата во Скопје се регистрирани над 4.000 заразени од COVID-19, од кој 1.823 се уште активни. После главниот град, Тетово е на второ место со најголем број на заразени вкупно 900, кој 291 лица сѐ уште позитивни на COVID-19, односно Куманово со 882 случаи, од 214 пациенти се уште се активни.

Воедно Министерството вчера информираше дека во состав на Универзитетската клиника за детски болести е поставена монтажна општа амбуланта како дел од активностите за враќање на редовно работење на дел од клиниките, а со цел заштита од евентуално ширење на COVID-19 кај најмладите пациенти.

– Во оваа монтажна амбуланта ќе се прегледуваат сите деца кои не се закажани преку електронскиот систем МојТермин. Овие деца досега беа прегледувани во амбулантите во зградата на Детската клиника, а заради актуелната пандемија со COVID-19, пациентите кои ќе доаѓаат на преглед, и физички ќе бидат дистанцирани од другите пациенти кои се закажани во МојТермин, со цел заштита од ширење на коронавирусот меѓу пациентите, посочија од Министерството за здравство.

Во новопоставената монтажна општа амбуланта има соба за интервенции, соба за преглед на пациенти, сестринска соба, тоалет, шалтер и чекална за пациентите. Објектот е комплетно климатизиран и ќе функционира согласно сите стандарди за безбеден третман на пациентите. Монтажната амбуланта на Детската клиника е донација од Македонски Телеком.

Од Клиниката за детски болести, како што се посочува, напоменуваат дека децата кои се сомнителни или се со симптоми на COVID-19 и понатаму ќе се прегледуваат и хоспитализираат во Болницата за белодробни заболувања Козле и на Инфективната клиника.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе