КОНКАКАФ ГОЛ КУП 2021

Познати сите учесници на Голд Купот, Мексико главен фаворит

Филип Здравески
/ 07.07.2021 / 20:40

Ако Европското првенство и Копа Америка се во самиот финиш, допрва почнува првенството на Северна Америка каде фудбалската понуда е сепак далеку посиромашна.

Сабота вечер од 23 часот ќе почне и ова фудбалско натпреварување откако ќе го отворат репрезентациите на Ел Салвадор и Курасао, за потоа на сцена во 4 часот после полноќ да стапи фаворитот Мексико против тимот на Тринидад и Тобаго.

За разлика од ЕУРО и Копа Америка, Голд Купот не претрпе одложување бидејќи според календарот регуларно си беше закажан за оваа година. Домаќин е САД со 9 градови и 10 стадиони (Далас, Арлингтон, Хјустон, Фриско и Остин во Тексас, Глендеил во Аризона, Парадајз во Невада, Канзас Сити во Канзас и Орландо на Флорида).

Листата со 16 учесници со комплетира ноќеска откако се одиграа последните квалификациски натпревари. Хати со 4:1 ги елиминираше Бермудските Острови, а Гваделуп ја изненади Гвателама елиминирајќи ја со 10:9 на пенали откако натпреварот заврпи 1:1. Ден порано Тринидад и Тобаго исто така на пенали, со 8:7, ја победи Француска Гвајана откако и тој натпревар заврши 1:1.

Како гостин на првенството ќе учествува и репрезентацијата на Катар од Азија, која наредната година ќе биде домаќин на Мундијалот. Катар преклани беше дел и од Копа Америка каде требаше да учествува и годинава, но откажа поради промена на календарот во азиските квалификации.

Учество ќе земат и две репрезентации кои не се членки на ФИФА бидејќи не се независни држави, туку претставуваат француски прекуокеански територии. Тоа се островите Мартиник и Гваделуп.

Група А
Мексико
Ел Салвадор
Курасао
Тринидад и Тобаго

Група Б
САД
Канада
Мартиник
Хаити
 

Група Ц
Костарика
Јамајка
Суринам
Гвадалуп

Група Д
Хондурас
Панама
Гренада
Катар

Покрај Мексико, кој како 11-кратен освојувач е главен фаворит, во потесниот круг на кандидати за пехарот се и САД, Канада и Костарика иако на турнирот нема да настапат ѕвездите како Кристијан Пулишиќ (Челси), Џонатан Дејвид (Лил) и Кејлор Навас (ПСЖ).

Финалето ќе се игра на 1 август на „Алиџант“ стадионот во Парадајз, Невада, со почеток од 20:30 по локално време.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more
 

Спорт

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе