Пред 70 години исчезнаа 3 ѕвезди - научниците сѐ уште не знаат што им се случило

Споредувајќи ги фотографиите на небесните тела, група научници сфатиле дека за помалку од еден час исчезнале три небесни тела.

Во средината на XX век, поточно на 19 јули 1952 година, во опсерваторијата „Паломар“ во Сан Диего, група научници го проучувала ѕвезденото небо над нив. По тој повод и го фотографирале, за полесно да откријат различни небесни тела.

Кога ги прегледале истите тие фотографии, сфатиле дека на една направена во 20:52 часот се видливи три светли ѕвезди, но кога ја провериле истата област на фотографијата направена во 21:45 часот, немало ниту една. Исчезнале.

Ова многу ги збунило астрономите бидејќи е познато дека ѕвездите не исчезнуваат туку така. Познато е дека интензитетот на нивниот сјај може да се намали, или дека може да експлодираат, но да исчезнат без трага: такво нешто сè уште не е забележано.

Што се случило?

Заинтригирани од овој случај, научниците теоретизирале за можното сценарио зад ова мистериозно исчезнување. Едно од објаснувањата било дека не се работи за три, туку за една ѕвезда која блескала силно, така што при минување на црна дупка и поради нејзините сили на гравитационата леќа обликот ѝ бил „искривен“, па се појавила на фотографиите како три, а не како еден објект.

Меѓутоа, како што научниците откривале слични настани во следните години, сфатиле дека нивната теорија нема смисла. Така, тогаш дошле до идеја дека можеби тие воопшто не биле ѕвезди.

Можеби станува збор за комети внатре во Ортовиот облак, кој се наоѓа на надворешната граница на Сончевиот Систем. Имено, голема е веројатноста дека кометите блескале посилно во моментот на фотографирање во 20:52 часот од непозната причина, но додека го продолжувале својот пат внатре во облакот тие повеќе не биле видливи на фотографиите.

Како и да е, веќе 71 година трае мистеријата за овие три небесни објекти, која веројатно тешко дека некогаш ќе биде разрешена.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе