Предизвик од 52 недели: Како да заштедите 1.400 евра за една година?

Денешниот ден, 31 октомври, е Светскиот ден на штедењето. Овој ден се одбележува низ целиот свет со цел да се промовираат личните заштеди во банките и штедилниците, да се потсетиме на важноста од редовното штедење, креирање на мрежа на заштита на депозитите и да потсетиме дека заштедите му помагаат и му овозможуваат на поединецот да ги постигне своите цели и идеи.

Еден од најпопуларните начини за заштеда на пари, кој може да се најде на интернет, е „предизвикот од 52 недели“, со кој можете да заштедите речиси 1.400 евра од 1 јануари до 31 декември.

Работата е многу едноставна - секоја недела треба да одвојувате одредена сума пари. Имате два месеца до Нова година за да се подготвите за штедење.

Почнувањето е толку лесно што нема ни да почувствувате дека паричникот ви е полесен, додека касата за штедење ви е потешка. Во првата недела од новата година треба да заштедите само едно евро. Втората недела ќе бидат две евра, третата три, четвртата четири. Тоа значи дека во јануари, месецот во кој се чини парите сами се трошат, треба да заштедите сѐ на сѐ 10 евра.

Во петтата недела од новата година (првата недела од февруари) треба да издвоите пет евра и така натаму ...

Може да почувствувате дека навистина штедите дури во април. Во април, евро по евро, треба да се издвојат 56 евра за целиот месец.

Вистинскиот предизвик се јавува во текот на летните месеци, односно за време на одморите, кога треба да се потрошите за одмор, но и да ви останат доволно пари за да живеете откако ќе се вратите од пат. Тогаш вашите таленти за штедење навистина ќе треба да излезат на површина.

Како што одминува годината, така неделните суми ќе се зголемуваат, додека не стигнете до следниот декември. Во тие последни четири недели потребно е да се стават настрана цели 202 евра, што на многумина им изгледа невозможно.

Сепак, целата цел на оваа заштеда беше да си го направите декември полесен, така што всушност ќе издвоите пари што и онака би ги потрошиле. Дури и ако не сакате да заштедите во декември, ако се држите до оваа сума, ќе ви останат 1.176 евра во „банка“ до 12-тиот месец, што е доволно за добро патување, богата трпеза или бројни подароци за празниците.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more
 

Магазин

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе