Премиера на „ТМ“ – македонскиот филм снимен со 0 денари буџет

Александра Спасеска
/ 20.09.2020 / 16:22

Програмата на Фестивалот на европски филм Синедејс продолжува и вечерва на неколку локации низ Скопје, под мотото „Филм на секое платно“.

Синдејс пред два дена беше отворен со премиерата на првиот македонски семеен детски филм „Стела“ на Стојан Вујичиќ.

Ова издание на Синедејс ја донесе и скопската премиера на филмот „ТМ“ на Ивица Димитријевиќ и Мартин Иванов („Копање“, 2018), кој е единствен долгометражен филм во македонската кинематографија снимен со 0 денари буџет. Филмот ќе биде прикажан во 22 часот на локацијата Парк Ибни пајко.

„Со јасен концепт и добра екипа може да се направи филм со лимитирани средства, а тоа сме го виделе во многу случаи во светската кинематографија“, изјави Димитријевиќ за Макфакс.

ПРОГРАМА НА CINEDAYS ЗА 20.9.2020

ГРАДСКИ ПАРК

20:30 | SUMMER OF '85

*ГАЛА програма

режија: Francois Ozon

За што мечтаете кога имате 16 години и се наоѓате во крајбрежно гратче во Нормандија во 1980-тите? За најдобар пријател? За доживотен тинејџерски пакт? За авантура на брод или мотоцикл? За живот со убиствено темпо? Не. Мечтаете за смрт. Затоа што не постои поголема возбуда од смртта. И затоа ја чувате за крај. Летниот распуст само што почнува и оваа приказна раскажува како Алексис се изградил како личност.

22:30 | FOMO – FEAR OF MISSING OUT

*Официјална селекција

режија: Attila Hartung

На Ѓерго и неговите пријатели тинејџери важни им се три работи: забава, секс и бројот на следбеници на социјалните мрежи. Една вечер, на забава, Лила станува жртва во рацете на момчињата. Предизвикот излегува од контрола и светот на младите преку ноќ се менува засекогаш.

FOMO

МКЦ ПАРК

21:00 | SWEAT

*Oфицијална селекција

режија: Magnus von Horn

„Пот“ прикажува три дена од животот на фитнес-мотиваторката Силвија Зајац, која е многу популарна на социјалните мрежи. Иако ја следат стотици илјади луѓе, опкружена е со лојални вработени и сите познаници ѝ се восхитуваат, таа трага по вистинска интимност.

23:00 EXTREMELY WICKED, SHOCKINGLY EVIL AND VILE

EXTREMELY WICKED, SHOCKINGLY EVIL AND VILE

*Гала премиера

режија: Joe Berlinger

Тед: привлечен, паметен, харизматичен, срдечен. Лиз: самохрана мајка, претпазлива, но вљубена. Слика на семејна среќа, сѐ изгледа како совршено да им оди. Сѐ додека не го приведат и обвинат Тед за низа грозоморни убиства. Како што загриженоста се претвора во параноја, Лиз е приморана да размисли колку добро го познава човекот со кого живее и, како што доказите се трупаат против него, да одлучи дали Тед навистина е жртва или всушност е виновен.

ПАРК ИБНИ ПАЈКО

20:00 | THE FLYING CIRCUS

*SEE програма

режија: Fatos Berisha

Четворица актери нелегално ги преминуваат границите на Балканот во време на војна. Одат на театарски фестивал. Но вистинската мисија им е да го најдат својот идол, Мајкл Палин.

22:00 | ТМ

*МК инди премиера

режија: Ивица Димитријевиќ, Мартин Иванов

ТМ е филм за осаменоста, вербата во невозможното, критика на општеството и политиката како главен кривец за исчезнување на поединецот, за исчезнување на една личност, која е цел еден свет.

ТМ

POP-UP кино (ПАРК КИСЕЛА ВОДА)

11:00 | МОМЧЕТО ФАНТОМ

*Детска програма

режија: Jean-Loup Felicioli, Alain Gagnol

Лео има тајна. Мистериозна болест го претвора во момче-фантом, овозможувајќи му да го напушти своето тело и да го истражува градот како дух. Додека лежи во болница, се спријателува со Алекс, њујоршки полицаец, кој се повредил обидувајќи се да фати еден опасен гангстер, кој ја презел контролата врз градската електрична мрежа, доведувајќи ја метрополата во хаос. Сега мора да оформат необично дуо, користејќи ги фантомските моќи на Лео и детективските вештини на Алекс, за да го спречат заговорот и да го спасат Њујорк од уништување.

МОМЧЕТО ФАНТОМ

19:00 ПИНОКИО

* Детска програма

режија: Matteo Garrone

Во оваа нова замисла на легендарната класика обожавана низ светот, Матео Гароне се навраќа на автентичните корени на приказната за Пинокио. Со овој пионерски игран филм, снимен на прекрасни локации низ Италија, Гароне создава еден богат волшебен свет на мистерии и чуда, исполнет со светли, забавни и трогателни моменти.

ПИНОКИО

За програмата во Градскиот парк, паркот Ибни Пајко и МКЦ парк, билетите по цена од 100 денари може да купат онлајн, преку bileti.mkc.mk (организаторите охрабруваат онлајн-продажба), како и на самиот влез на овие локации.

За филмовите од POP-UP КИНО бесплатни билети може да се набават само онлајн (bileti.mkc.mk).

Во случај на временски непогоди кои би го оневозможиле одржувањето на фестивалот на отворено, организаторите имаат резервни локации и препорачуваат да ги следите објавите на социјалните мрежи за ажурирани информации.

Во соработка со ЈСП Скопје, посетителите на фестивалот кои ќе приложат резервирана, односно купена карта за проекциите по 19 часот ќе може да се возат бесплатно до локацијата на проекцијата за тој филм.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more
Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Величествен крај: Кинеската вселенска лабораторија изгоре во атмосферата на Земјата

Read more
Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Прв смртен случај од корона вирусот надвор од Кина, вкупно 305 починати досега

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе