Преносите од 1.МФЛ се враќаат на МРТ и Arena Sport

Филип Здравески
/ 31.08.2023 / 10:46

Иако сезоната во најдобрата македонска фудбалска лига веќе почна, по четири кола ФФМ и Arena Sport постигнаа договор за вршење преноси во наредните две сезони.

Фудбалската федерација на Македонија и Arena Sport се договорија 1.МФЛ да се врати на малите екрани со два натпревара во живо од секое коло за сезоните 2023/2024 и 2024/2025. А, пак, Arena Sport и МРТ постигнаа договор за соработка со тоа што МРТ ќе ги снима и емитува натпреварите, а Arena Sport како носител на ТВ правата ќе бира кои натпревари ќе одат во живо. Натпреварите исто така ќе се емитуваат на МРТ. Всушност, тоа е истиот концепт кои беше и со претходниот договор.

Овој договор не важи за домашните натпревари на АП Брера Струмица и Вардар, кои имаат договор за емитување на нивните натпревари со Sportklub. Затоа, во преносите се враќа Шкендија, чиј договор со каналот Supersport истече и истиот не е продолжен.

Засега не е познато дали преносите ќе почнат од викендов, кога се игра последното коло пред репрезентативната пауза, или откако ќе заврши прозорецот на УЕФА, што е поверојатно сценарио.

Овој договор на ФФМ со Arena Sport значи дека лесно може да се случи во еден викенд да имаме дури 4 преноси од македонската лига. Имено, бидејќи Arena Sport има два преноса (еден во сабота и еден во недела), а често Вардар и АП Брера Струмица се домаќини во исто коло и нивните натпревари одат на друг канал, тоа може да доведе до голем избор за гледачите крај малите екрани.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе