Претставен уникатниот Aston Martin DBX Bowmore Edition
Aston Martin во соработка со Bowmore ја креираше ексклузивната верзија на SUV DBX под назив Bowmore Edition.
Ќе биде произведен во само 18 примероци и ќе чини 219.950 фунти. Првите испораки се очекуваат кон крајот на следната година.
Како и стандардниот DBX, Bowmore Edition го движи 4,0-литарски V8 твин-турбо мотор кој развива 542 КС и 700 Nm максимален вртежен момент. Од 0 до 100 км/ч забрзува за 4,5 секунди.