Преживувала напади на паника, работела во петшоп – која е двократната оскаровка Ема Стоун?

Солзи, треперење во гласот и искинат фустан, но пред сѐ златна статуетка во рацете по вторпат, ја одбележаа претходната вечер на Ема Стоун на доделувањето на Оскарите! Така, таа влезе во историјата како актерка со две златни статуи на возраст под 35 години.

По Оскарот за „La La Lend“, овојпат најпрестижната награда ѝ припадна за маестрално одиграната улога во „Poor Things“, во режија на Јоргос Лантимос.

Ема Стоун беше обземена од емоции, од возбуда едвај зборуваше, извинувајќи се што фустанот ѝ е искинат на грбот:

„Ова сигурно се случило за време на шоуто на Кен“, рече таа на шега алудирајќи на Рајан Гослинг, кој на сцената на театарот Долби ја изведе песната „I’m Just Ken“ од филмот „Barbie“.

Со солзи и благодарност до сите жени на сцената и колешките кои беа номинирани во истата категорија, актерката истакна дека е голема чест да се биде во нивно друштво.

„Пред некоја вечер ме фати паника дека може вакво нешто да ми се случи, а потоа Јоргос ми рече: 'Те молам, излези од тоа'. И тој беше во право, бидејќи ова не е само моја награда. Таа не ми припаѓа само на мене, туку на целиот тим што се собра да направи нешто вредно. Тоа е најдоброто нешто за снимање филмови – заедничкиот труд и работа на сите нас“, рече Стоун.

Таа истакна дека ѝ е чест да го сподели признанието со секој член на екипажот, секој актер, секој човек кој ја вложил својата љубов и брилијантност во снимањето на овој филм.

„Јоргос, ти благодарам за Бела Бакстер, која е дар на животот и што не собра сите заедно околу ова брилијантно достигнување. И, бидејќи треба да завршам, навистина сакам уште еднаш да му се заблагодарам на семејството. На мајка ми, брат ми Спенсер, тато, сопругот Дејв. Ве сакам сите! И, најважно од сѐ, на ќерка ми, која за три дена ќе наполни 3 години и поради која нашите животи се шарени. Те сакам повеќе од целото небо, мое девојче“, ја цитираше Ема песната на Тејлор Свифт „Bigger Than the Whole Sky“.

Ова беше четврта номинација за Стоун, која покрај оскарот за филмот „La La Lend“ во 2016 година, беше номинирана и за филмовите „Birdman“ (2014) и „The Favorite“ (2019), што беше исто така во режија на Јоргос Лантимос.

Во својата кариера, актерката има вкупно 5 номинации за Оскар, 4 во актерска категорија и 1 за најдобар филм како продуцент.

Ема Стоун ја игра Бела Бакстер, која е „производ“ на научник кој оживеал трудница која извршила самоубиство и ја вратил во живот со мозокот на нероден фетус. Како Бела, Стоун ги имитира фазите на растење – од нејзината најпримитивна фаза до целосна зрелост.

Покрај Оскар, Ема Стоун доби и Златен глобус, награда на Здружението на филмски критичари и награда БАФТА за улогата на Бела Бакстер.

„Најважната идеја на Бела Бакстер е дека не треба да живеете судејќи и да се срамите од себе и своите постапки поради општествените норми и договори што ги правите додека растете. А, дел од природата на анксиозноста е секогаш да се гледате себеси. На некој начин – ова е ужасно да се каже – тоа е многу себична состојба. Да не ги навредам другите луѓе кои страдаат од анксиозност – јас сè уште страдам – но тоа е затоа што многу размислувате за себе. Размислувате: 'Што ќе се случи со мене? Што реков? Што направив јас?' Додека на Бела пристапот кон светот е само од искуство и чувства кон сè околу неа“, изјави Ема Стоун.

Таа е родена на 6 ноември 1988 година во Скотсдејл, Аризона, од мајка Криста Џин Стоун, домаќинка и татко Џефри Чарлс Стоун, основач и извршен директор на градежна компанија. Нејзиниот дедо, Конрад Остбериј Стен, бил од шведско семејство кое емигрирало во САД. Исто така има германско, англиско, шкотско и ирско потекло.

Стоун на многу рана возраст имала напади на паника, одела на терапија, но секогаш нагласувала дека учеството во локални театарски претстави всушност ѝ помагало да нема повторени напади.

„Првиот пат кога добив напад на паника седев во куќата на мојот пријател и мислев дека куќата гори. Се јавив на мајка ми и таа ме донесе дома, а во следните три години тоа едноставно не престана. Повеќето денови одев кај медицинската сестра и само мавтав со рацете. Само сакав да знам дека никој нема да умре и дека ништо нема да се промени“, изјави Ема Стоун за The Wall Street Journal во јуни 2015 година.

Стоун почнала да глуми кога имала 4 години. Таа првично сакала кариера во скеч-комедија, но го префрлила интересот кон музичкиот театар и неколку години земала часови по пеење. Нејзиното актерско деби, на 11-годишна возраст, беше во претставата „Ветерот во врбите“.

Следните две години учела дома, а за тоа време се појавила во 16 претстави во Младинскиот театар „Финикс Воли“. Во тоа време отпатувала во Лос Анџелес и била на аудиција за улога во филмот „All That“, но не ја добила улогата. Посетувала католичко училиште за девојки, но се откажала по еден семестар - за да стане актерка. Во јануари 2004 година се преселила со нејзината мајка во Лос Анџелес. Стоун потсети:

„Одев на секоја емисија на Disney и на секоја аудиција, на секој ситком, на крајот – не добив ниту една“.

Помеѓу аудициите за улоги, таа одела на онлајн часови во средно училиште и работела со скратено работно време во продавница за миленичиња.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Филм & ТВ

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе