Британскиот принц Хари зборуваше за најлошите години од неговиот живот и за тоа како барал утеха во разни опијати.
Во својата нова емисија на Apple TV+, 36-годишниот принц зборуваше за траумата низ која поминувал по смртта на мајка му, принцезата Дајана, која загина во сообраќајна несреќа во Париз во 1997 година.
„Бев подготвен да пијам, да се дрогирам и да направам сѐ што е потребно за да не се чувствувам онака како што се чувствував. Не пиев понеделник до петок, но во петок или сабота навечер ќе се напиев доволно за цела недела“, тој рече.
„Не пиев од задоволство, туку за да прикријам нешто“, додаде тој.
Опра Винфри, со која заедно ја водат емисијата, рече дека сопругата Меган му помогнала да побара помош пред нешто повеќе од четири години кога спомените за смртта на мајка му почнаа да се враќаат.
„Јас не живеев во средина каде се охрабруваше разговор за тоа како се чувствувам, сè се потиснуваше. Секој пат кога ќе облечев костум, вратоврска и ќе требаше да ја играм мојата улога, имав панични напади, се препотував, срцето силно ми биеше... Периодот од 28-та до 32-та година од животот ми беше кошмар“, додаде тој.
Тој исто така зборуваше за терапиите на кои одел за да си го олесни секојдневието.
„Кога луѓето ќе ме прашаа како сум, секогаш сум одговарал со ‘добро’. Никогаш не сум кажувал дека сум среќен, никогаш дека сум тажен, секогаш добар. Тоа беше најлесниот одговор“, рече тој и додаде дека секојпат кога влегувал во автомобил или ќе видел камери и фотоапарати, почнувал да паничи.
Принцот Хари и Опра Винфри заедно ја лансираа кратката документарна серија The Me You Can't See, во која откриваат приказни за познати личности, вклучувајќи ги Лејди Гага, Глен Клоуз и самата Опра.