Mitsubishi го претстави потполно новиот Outlander.
Ретко кој ќе остане рамнодушен на дизајнот на надворешноста, особено на неговиот преден дел. Колку е важна појавата на овој модел за Mitsubishi, толку е важна и за Nissan кој е сопственик на 34% од акциите на овој произведувач.
Outlander ја дели и механичката платформа со новиот Nissan Roque, како што се нарекува X-Trail на американскиот пазар.
Оutlander има 3 реда седишта, па може да се возат 7 лица.
Во внатрешноста наликува на моделите на Nissan. Дигиталните екрани се преземени од моделот Roque, a тука е и 12,3-инчната дигитална табла. Ентериерот е достапен и во кожна варијанта.
Новиот Outlander нуди повеќе асистенции во рамки на стандардната опрема. Развива 184 коњски сили и максимален вртежен момент од 245 Nm.
Цената на овој модел започнува од 25,795 долари.