Пристигнаа најбрзите гејмерски монитори во светот

Компаниите ASUS и Dell на настанот CES 2023 претставија вистинско уживање за гејмерите - монитори со 500 Hz.

Alienware AW2524H на Dell

Иако минатата година првпат слушнавме за монитори кои се освежуваат со брзина од 500 Hz, компаниите Dell и ASUS го претворија тој сон на многу гејмери ​​во реалност на настанот CES 2023 во Лас Вегас.

ASUS е побрз

Компанијата ASUS го претстави ROG Swift Pro PG248QP, првиот гејмерски монитор во светот кој освежува со брзина не од 500, туку 540 Hz. Овој монитор го користи истиот Full HD Esports TN панел што производителот го најави минатата година, но компанијата тврди дека успеала да извлече уште 40 Hz од него за дополнително да ја подобри мазноста на движењето.

PG248QP доаѓа со Nvidia G-SYNC процесор, за да се избегнат какви било „икања“ и „кинења“ на сликата, а има и вграден Reflex Anylizer кој овозможува увид во доцнењето на системот од крај до крај. Кога станува збор за одложување, мониторот користи ECC Codec што го намалува доцнењето на звукот.

Ако сакате да ги придвижите глувчето и тастатурата поблиску до мониторот, ASUS нуди преклопни ногарки на дното што ќе ви ослободи простор, намалувајќи го отпечатокот на масата. PG248QP ќе пристигне во вториот квартал од годинава.

Dell е прв

Иако ASUS беше првиот што објави монитор за игрици од 540 Hz, Dell ќе биде тој што ќе ја понесе титулата прв монитор од 500 Hz на продажба, бидејќи Alienware AW2524H ќе се појави на полиците во Кина веќе во февруари, односно во март во САД - датумот на лансирање во Европа сè уште не е познат.

За разлика од ASUS, мониторот Alienware користи „брз IPS“ панел произведен од AU Optronics, што значи дека AW2524H ќе има подобри бои и далеку подобри агли на гледање. Дијагоналата на екранот е 24,5 инчи, Full HD резолуција, а исто како и ASUS има поддршка за Nvidia G-SYNC.

Dell сподели малку повеќе информации за својот монитор, па знаеме дека ќе има неверојатно брзо време на одговор од 0,5 ms, 400 cd/m2 јачина на осветлување, 99% sRGB опсег на бои и фабричка калибрација. Рефлексниот анализатор е исто така вграден како кај конкурентот, но важно е да се напомене дека мониторот ќе работи на 480 Hz при нормална работа и дека ќе ја достигне рекламираната бројка од 500 Hz само во OC режим.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Гејминг

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Read more

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Read more

Луис Хамилтон играше ретро игрици на PlayStation 1 и на стар телевизор

Read more

Лара Крофт прогласена за најкултен лик од гејмерскиот свет на сите времиња

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе