Притисокот врз болниците намален, со масовната имунизација се очекуваат промени

Притисокот врз болниците се намалува, откако според вчерашниот билтен се регистрирани 105 нови случаи на заразени со коронавирусот.

Денеска треба да заврши дистрибуцијата на 200.000 вакцини на Sinopharm коишто во земјава пристигнаа во саботата и веќе од утре започнува масовна имунизација на населението и тоа од 10 до 15 илјади граѓани на ден, со што здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

По воведените рестриктивни мерки, бројот на нови случаи на COVID-19 се намалува. Во изминатите четири дена бројот на активни случаи е намален од 15.013 на 14.276 случаи.

Во истиот период, регистрирани се вкупно 1.117 новозаболени, а 1.843 оздравени. Вчера се регистрирани 105 новозаболени и 403 оздравени пациенти, откако на 1 мај имаше 214 новозаболени и 205 оздравени, на 30 април 365 новозаболени и 594 оздравени и на 29 април 433 новозаболени и 641 оздравени.

Ограничувањето на движењето продолжува од вчера од 21 часот до 05 часот следниот ден, откако православните верници го празнуваа Велигден втора година во услови на пандемија, но без полициски час и со почувањето на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца.

Согласно одлуката на Владата од 27 април, полицискиот час ќе биде на сила до 15 мај, со исклучок за Рамазан Бајрам, односно нема да важи на 12 кон 13 мај.

Верските лидери имаат обврска сè што може да се организира надвор, додека на граѓаните останува одговорноста да нема прекршување на мерките.

Верниците од православна вероисповед во Албанија, Хрстовото воскресение го дочекаа во своите домови, поради полицскиот час од 22 до 6 часот. Во ниту една црква во земјата на полноќ немаше богослужба на која по традиција се објавува Хрстовото воскресение, а Централната богослужба за се одржа вчера наутро.

Велигден во Грција, исто така беше прилагоден на пандемијата, и по пауза од една година, Грците масовно ги посетија црквите, а поради полицискиот час, камбаните наместо на полноќ, биеја во 21 часот, јави дописничката на МИА од Атина.

Вкупно 200.000 кинески вакцини, најдоцна до утре треба да бидат дистрибуирани во салата „Борис Трајковски“ и во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола, по што од вторник со нив ќе почне масовната вакцинација на населението. Здравствените власти најавуваат вакцинирање на бројка од меѓу 10 и 15 илјади граѓани на ден.

Со почетокот на масовната имунизација, здравствените власти очекуваат до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.

На инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1.102 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Од нив, на инфективните одделенија во земјава се лекуваат 637 пациенти, додека во ковид центрите во Скопје 465 лица.

Од Министерството, нагласуваат дека сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород, како и дека имаат увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.685, на оздравени пациенти е 133.473, на починати е 4.936, а бројот на активни случаи изнесува 14.276.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе