Приведени 8 лица поради тепачка на ски терени во Маврово

Осум лица, четворица државјани на Косово и четворица од Гостивар, се лишени од слобода откако меѓусебно се степале на терени на ски центарот Маврово.

Во тепачката во која биле користени и спортски реквизити, две лица се потешко повредени и пренесени на Скопските клиники. 

Според СВР Тетово, полициски службеници од ОВР Гостивар вчера околу 18:15 часот ги лишиле од слобода: Ј.О. (27), Д.О. (30), Ф.О. (29) и А.О. (19) од Република Косово и Б.Д. (29), Г.Ѓ. (25), М.Ѓ. (41) и С.Ѓ. (30) од Гостивар, поради сомнение за нивна инволвираност во меѓусебна физичка пресметка која околу 14:50 часот се случила на ски-терените на Бистра во Маврово.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле употребени и тврди предмети, а две лица, А.О. и С.Ѓ. се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“, каде во меѓувреме биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Сите инволвирани се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде изготвена соодветна пријава.

Тагови
реклама

Хроника

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Read more

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Read more

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Read more

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе