Рецепти
Пробајте нешто поинакво: Американски палачинки со тиква и цимет
19. ноември 2019 - 17:14 | М.С.
Искористете ги есенските денови за да го направите овој вкусен десерт со тиква.
Состојки:
115 гр. пире од тиква
Две јајца
Лажичка екстракт од ванила
Лажица путер од кикирики
Пола лажица прашок за пециво
Пола лажица цимет
¼ лажица мелен ѓумбир
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата со пире од тиква и екстрактот од ванила. Во одвоен сад изматете путер од кикирики со прашокот за пециво, цимет и ѓумбир, па потоа измешајте ги со пирето од тиква.
Загрејте го тавчето на средна температура и печете ги палачинките додека да добијат златеста боја.
Јадете ги со мед или некој друг прелив по желба.
-->
-->
Коментирај