Проблематиката на Британските Острови

Еднаш засекогаш да ја разрешиме вечната дилема - што е Велика Британија, што Обединето Кралство, а што Англија.

На нашево поднебје премногу често се мешаат термините кога станува збор за државата Обединето Кралство, која кај нас погрешно се толкува како Велика Британија, некогаш дури и само како Англија.

Британските острови се група на острови на северозападот од Европа помеѓу Атлантскиот Океан, Северното Море и каналот Ламанш. Најголемиот остров се вика Велика Британија, помалиот Ирска, а има уште многу далеку помали како Ман, Шетланд, Оркни, Хебриди и други. Каналските Острови, кои се дел од Обединетото Кралство и се наоѓаат во каналот Ламашн, многумина не ги вклучуваат во Британските Острови бидејќи лежат на друг архипелаг.

Самиот термин Британски Острови се смета за контроверзен од страна на Ирците кои претпочитаат употреба на терминот Острови Британија и Ирска или пак Атлантски Архипелаг. Името Британски Острови за нив асоцира на британска власт врз Ирска, лоши спомени од минатото кога Ирците биле поробени од Англичаните.

На овој архипелаг постојат две држави: Ирска и Обединето Кралство. Ирска се наоѓа на истоимениот остров и опфаќа 5/6 од островот. На останатиот дел, односно североисточниот дел од островот се наоѓа Северна Ирска која е една од четирите земји кои го сочинуваат Обединетото Кралство.

На поголемиот остров, Велика Британија, се наоѓаат преостанатите три земји од Обединетото Кралство, односно Англија, Велс и Шкотска. Значи, Обединетото Кралство е составено од островот Велика Британија и дел од островот Ирска, оттаму и официјалното име на земјата кое гласи Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Дел од населениото на Северна Ирска не ја признава власта на Обединетото Кралство и се залага за обединување на островот во една цела Ирска. Тука е и проблемот со излегувањето на Обединетото Кралство од Европската Унија бидејќи Ирците не сакаат да има граница помеѓу Ирска и Северна Ирска.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Чек дис аут

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Read more

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе