Проблеми во ПСЖ, Нејмар станува неподнослив

Француските медиуми пишуваат дека односот помеѓу ПСЖ и Нејмар и оваа година не е идеален, а како што беше случај минатото лето, богатите „Парижани“ ќе се обидат да се ослободат од неговите услуги во следниот преоден рок, со надеж дека овојпат ќе бидат успаешни во тоа.

ПСЖ е во резултатска криза во пресрет на осминафиналето на Лигата на шампионите против Баерн, а во последното коло претрпе тежок пораз од Монако во лигата. Покрај тоа, Килјан Мбапе и Лионел Меси се под знак прашалник за утрешниот натпревар, а локалните медиуми пренесуваат дека настанал нов проблем помеѓу челниците на клубот и Нејмар.

По поразот од Монако, спортскиот директор Луис Кампос влегол во соблекувалната и се расправал со играчите, но дискусијата со Нејмар била особено жестока. Бидејќи не било првпат Бразилецот да се соочи со челниците на клубот, тоа можеби била капката што ја прелеа чашата, затоа што клубот ќе се обиде да се ослободи по секоја цена.

Нејмар во ПСЖ пристигна од Барселона во трансфер вреден 222 милиони евра, а потоа, потсетуваме, парите што ги доби од државата Катар за спонзорирање на СП 2022 ги искористи за да отиде во просториите на Барселона и со тие пари си го откупи договорот, односно стана слободен играч.

Неодамна беше на удар на соседите кои јавно го критикуваа неговото непромислено однесување и го нарекоа „граѓанин без почит“, иако настапот на теренот оваа сезона воопшто не е толку лош, а Нејмар е во добра форма и многу им помага на соиграчите во играта.

Во оваа сезона одигра вкупно 27 натпревари, а постигна 17 голови и забележа 16 асистенции, што сепак покажува дека е во добра форма.

Тагови
реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе