ПРЕМИЕР ЛИГА 2019/20

Проблеми за Лестер: Градот во карантин, нема ни фудбал

Откако бројот на заболени почна да расте, во градот се воведе карантин, а забранети се сите собири вклучувајќи и спортски натпревари.

„Кинг Пауер“ стадионот на Лестер

Покрај очајната форма во која се „Лисиците“, сега нов проблем им направи ситуацијата со коронавирусот во градот. Британската влада објави дека прв град на Островот кој целосно оди во карантин е Лестер откако дури 10% од заразените во Обединетото Кралство се токму од тој град.

„Им препорачуваме на жителите на Лестер да останат дома колку што е можно подолго, а советуваме да не се патува во и надвор од Лестер“, рече Мет Хенкок од Министерството за здравство.

Лестер утре гостува во Ливерпул кај Евертон, но потоа во сабота има домашен натпревар. Премиер лигата сериозно ја разгледува опцијата саботната пресметка со Кристал Палас да биде преместена на неутрален терен.

„Доколку тоа што се случува во Лестер влијае и врз можноста клубот да организира натпревари на домашен терен, дали само в сабота со Кристал Палас или и наредните натпревари, во тој случај ќе бидеме приморани тие натпревари да ги преместиме или одложиме до датум кога ќе биде безбедно да се игра“, вели Ричард Мастерс од Премиер лигата.

Лестер по принудната пауза бележи слаби резултати. Одигра нерешено со Вотфорд и Брајтон во лигата, а испадна од ФА Купот губејќи дома од Челси.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе