Породилното отсуство продолжува да важи до завршувањето на времените мерки за справување со COVID-19, извести министерот за здравство Венко Филипче.
„Со цел да се обезбеди заштита и грижа на децата, секоја работничка на која ѝ завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба има право да продолжи да го користи породилното отсуство, а со тоа продолжува да го користи и надоместокот на плата“, напиша министерот Филипче на неговиот Facebook профил.