Профитот на Газпром лани бил 15 пати поголем отколку во 2020 година

Рускиот енергетски гигант Газпром вчера соопшти скок на профитот и приходите во 2021 година, како одраз на ниската споредбена основа во 2020 година, првата година од пандемијата, и зголемувањето на цените на природниот гас за време на закрепнувањето на економијата од кризата со Ковид.

Нето добивката на Газпром во 2021 година била повеќе од 15 пати поголема од 2020 година, скокајќи на 2,1 илјади милијарди рубли (27,5 милијарди евра). Приходите се зголемиле за 62 отсто на 10,2 илјади милијарди рубли.

Цените на гасот нагло пораснаа во втората половина од минатата година, поттикнати од бранот побарувачка што го поттикна закрепнувањето на економијата од пандемиската криза и ниските залихи пред зимската грејна сезона.

Газпром го заврши гасоводот Северен поток 2 кон крајот на минатата година, кој требаше да ги удвои испораките на гас за Германија, но процесот на издавање дозволи закочи, така што Берлин ќе се откаже од него оваа година, по руската инвазија на Украина.

Во меѓувреме, Европската Унија воведе остри санкции кон Русија, блокирајќи го нејзиниот пристап до меѓународниот платен систем и разговара за ембарго на руската нафта. Некои членки, на чело со Полска, бараат прекин на купувањето руски гас.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе