Промени во сексот по 30-тата година за кои никој не зборува

Иако се чини дека сексот во 30-тите ќе биде далеку подобар и повозбудлив затоа што веќе имате искуство, како што стареете, работите почнуваат да се менуваат. Проверете што точно се случува во телото, во главата, но и со сексуалната желба.

Некои можеби мислат дека сексот останува ист до длабока старост, но нашето тело е сложен механизам - исто како и главата. Од тинејџерските години до средината на 20-тите години, со телото управуваат огромна количина на хормони, така што повеќето луѓе се секогаш подготвени и желни.

Најчести проблеми на помлада возраст се предвремена ејакулација кај мажите, додека кај жените е тешко да се постигне оргазам. Како што влегувате во 30-тите години, работите се менуваат и таа промена не е нужно лоша или подобра - треба само да се прилагодите на новитетите.

Треба повеќе време за да се возбудите, но и за да постигнете кулминација

Бидејќи нивото на полови хормони во телото е пониско, се очекува дека „палењето“ нема да трае повеќе неколку секунди. Иако сексуалната стимулација стигнува до мозокот, потребни се најмалку пет до десет минути за да се доведе телото во состојба на вистинска возбуда. Затоа, секако е подобро предиграта да трае подолго, а добрата вест за секој што ќе се пожали дека нивниот секс со партнерот трае премногу кратко - е тоа што самиот чин ќе трае во просек од две до пет минути подолго.

Оргазмот е почест

Ова првенствено се однесува на жените, кои почесто се позадоволни од својот сексуален живот во 30-тите, отколку во нивните 20-ти. Причината за се почестите оргазми е тоа што подобро го познаваат сопственото тело и имаат поголема самодоверба со текот на годините, што овозможува подобра комуникација со партнерот и „навигацијата“ во кревет. Така, неодамнешното истражување на магазинот Top Sante покажа дека 80 проценти од жените во нивните 40-ти се поактивни и посамоиницијативни во сексот отколку во нивните 20-ти.

Хормоните влијаат на гениталиите

Влијанието на хормоните, начинот на живот, употребата на контрацепција и разни нарушувања поврзани со болести на тироидната жлезда, замор, депресија и стрес, имаат влијание врз самиот сексуален живот. Имено, жените на возраст над 30 години можно е да имаат проблем со постигнување влажност поради (некој/некои од) овие фактори, што не треба да биде причина за преголема загриженост. Сепак, треба да се истражат причините и да се олесни сексуалниот чин со подолга предигра и користење лубриканти. Кај мажите може да се случи да имаат послаба ерекција и помал број на ерекции, што може да се должи на инфекција на уринарниот тракт, стрес и хормони.

Имате помалку, но позначаен секс

Факт е дека луѓето имаат помалку секс со влегувањето во доцните 30-ти, но тоа не мора да биде лош знак. Тоа може да биде резултат на големиот број обврски, родителството и хормонални промени. Сепак, истражувањата покажуваат дека над 70 проценти од мажите и жените над 30 години веруваат дека нивниот сексуален живот станал подобар и позначаен, дека сексот не е е нешто што се „одработува“, туку задоволство во кое се ужива повеќе и во кое се внесуваат повеќе емоции.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Читај повеќе

Која храна содржи најмногу пластика?

Читај повеќе

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот главна тема на социјалните мрежи

Читај повеќе