Пронајден првиот фосил од диносаурус директно поврзан со кобниот удар на астероид

Во американската сојузна држава Северна Дакота, на местото Танис, е пронајдена фосилизирана нога од диносаурус, на која е зачувана дури и кожата. Научниците тврдат дека диносаурусот кому му припаѓала оваа нога најверојатно загинал на денот на ударот на астероидот, кој на крајот го истребил овој вид.

Она што особено ги израдува научниците е што досега се пронајдени многу малку остатоци од диносауруси кои припаѓаат на периодот непосредно пред ударот на астероидот, пишува BBC.

Астероид кој удрил во Земјата пред 66 милиони години го означил крај на ерата диносаурусите и создал услови за цицачите да станат доминантен вид.

По должината на стапалото на диносаурусот најдена е фосилизирана риба која вдишувала остатоци додека паѓале од небото, желка прободена со дрвен кол, кожа на трицераптор, ембрион во јајце на птеросаурус и нешто што се чини дека е остаток од самиот астероид.

„Имаме толку многу детали кои ни кажуваат што се случувало од момент во момент, речиси како да гледате филм. Гледате во фосил овде и тоа ве враќа во тој ден“, коментира водачот на истражувањето, Роберт ДеПалма од Универзитетот во Манчестер.

Во науката е општо прифатено дека астероид со дијаметар од околу 12 километри удрил во областа на Мексиканскиот Залив и предизвикал изумирање на диносаурусите. Тоа е 3.000 километри оддалечено од локацијата во Танис, но силината на ударот била таква што уништувањето можело да го зафати и ова подрачје.

Професорот Пол Барет од Природонаучниот музеј во Лондон за BBC изјави дека тоа е Теселосаурус. Овој вид диносаурус изгледал како многу голем гуштер. Очигледно оваа нога на диносаурусот му била откорната многу брзо, според него нема докази за некаква болест на стапалото.

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Вести

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Read more

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Read more
 

Гик

Марс исфрла плазма од својата атмосфера во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Фрчат критики за новата реклама на Apple: Немате почит!

Читај повеќе

Научниците открија нова функција на малиот мозок

Читај повеќе
  • play_arrow

Нова теорија за тоа што ја предизвика имплозијата на подморницата Титан на пат до потонатиот Титаник

Читај повеќе

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе