Пронајдени остатоци од индонезиската потоната подморница

Кајгана/МИА
/ 24.04.2021 / 13:10

Остатоци од подморницата на индонезиската морнарица, што во средата исчезна со 53 члена на екипажот, се пронајдени длабоко во Балиското Море, со што се потврдија стравувањата дека бродот потонал и се распаднал, изјави денеска началникот на индонезиската морнарицата.

Подморницата „КРИ Нангала-402“ исчезна без трага во средата рано утрината во близина на индонезискиот остров Бали, каде учествуваше во воена вежба.

-Пронајдените остатоци се предмети од внатрешноста на подморницата, како сунѓери, шишиња со масти и предмети што се користат за молитва. Телата на членовите на екипажот не се пронајдени, изјави началникот на штабот, адмирал Јудо Маргоно, пренесе New York Times.

Меѓу остатоците имало шишиња со масти, дел од лансирано торпедо, дел од метална цевка, простирка за молитва и гориво. Шишето со масти одговара на тоа што екипажот го користел за подмачкување на перископот на подморницата, пренесе CNN.

Подморницата „КРИ Нангала-402“ е изградена да го издржи притисокот на водата на длабочина од 500 метри, но остатоците се пронајдени на длабочина од околу 850 метри. На таа длабочина, дури и челичниот труп на подморницата речиси веројатно ќе пукне од притисокот.

Бродски екипажи од неколку земји, заедно со индонезиската морнарица, неколку дена ги пребаруваа водите северно од Бали. според проценките, кислородот во подморницата требаше да заврши денеска рано наутро, во 3 часот по локално време. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе