Протекоа документи: Русија подготвува масовни сајбер напади

Русија подготвува и вакви напади, кои всушност тешко се докажуваат.

Според извештаите, московската ИТ компанија NTC Vulkan развила алатки кои државните хакери би можеле да ги користат за планирање на сајбер напади, филтрирање на интернет сообраќајот и ширење масовна пропаганда и дезинформации. Ова го соопшти меѓународната истражувачка медиумска група во која спаѓаат германските весници Süddeutsche Zeitung и Der Spiegel, како и други канали на јавниот сервис ZDF. Во документите се иднетификувани и можни цели на нападите, меѓу кои и „оневозможување на контролните системи на железничкиот, воздушниот и поморскиот сообраќај“ или „нарушување на функциите на енергетските компании и критичната инфраструктура“.

Како се спроведуваат овие напади?

Како што наведува Süddeutsche Zeitung, редакцијата, набрзо по почетокот на рускиот напоад на Украина, од анонимен извор добила интернет документ за периодот 2016-2021 година. Новинарите од овој весник правеле проценки заедно со меѓународни медиумски партнери. Како што се наведува во соопштението, експерти за сајбер безбедност и неколку западни разузнавачки служби оцениле дека документите се автентични, пишува Deutsche Welle.

Според информациите, станува збор за илјадници страници интерни документи на фирмата NTC Vulkan, како што се планови на проекти, описи на софтвер, инструкции, интерни мејлови и документи за банкарски трансфери на компанијата. Според извештајот, документите покажуваат како руските тајни служби со помош на приватни компании планираат и спроведуваат хакерски операции низ светот.

Овие документи анонимен извор најпрвин ги проследил до Süddeutsche Zeitung веднаш по почетокот на војната, а подоцна информацијата ја ставил на располагање на другите медиуми, пишува Der Spiegel. Изворот како мотив навел дека руската војна е војна со агресија и дека NTC Vulkan има блиски врски со тајните служби како ФСБ, ГРУ и СВР.

Столб на руската полициска држава

Ниту компанијата, ниту портпаролот на Кремљ не сакаа да ги коментираат извештаите во медиумите, но ZDF ја пренесува изјавата на поранешен вработен во NTC Vulkan: „Vulkan е столб на руската полициска држава. Компанијата развива софтвер кој може да се користи против сопствениот народ, но и против други земји“.

Не може да се следи дали и каде се користел овој софтвер и дали моментално се користи во Украина. Сепак, документите покажуваат дека програмите биле нарачани, тестирани и платени.

Сајбер нападите во име на државите се сметаат за модерно оружје за војување и пропаганда, и обично тешко се докажуваат. Обвиненијата против Русија за намерно користење на интернет за дезинформации постојат долго време, а тоа беше споменато и по кампањата за претседателските избори во САД во 2016 година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе