Протест на НСП и НСОН за усогласување на платите со минималната плата

Синдикатот на полицијата на Македонија (СПМ) и Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) денеска на протест пред Владата побараа усогласување на платите во секторите образование и полиција со износот на минималната плата, согласно со колективните договори. Учесниците на протестот се собраа пред хотелот „Вип“ од каде се упатија пред зградата на Владата.

Од полицискиот синдикат побараа вредноста на бодот од 27 денари да биде покачен на 62 денара.

Генералниот секретар на НСП, Орце Коцевски рече дека иако ги доставиле барања до Владата за решавање на проблемите со кои се соочуват полициските службеници добиле известување дека тие се проследени кај министерот за внатрешни работи, кој, како што посочи, нѐ игнорира 2,5 години.

– Ова е сумата со која што полицискиот службеник вас ве брани, се грижи за вашата безбедност и го изложува неговиот живот за вие да бидете живи и здрави. Во оваа сума помала од 400 евра му се тие мизерни 30% овластување вклучително, храна, превоз, стаж. Платата на полицискиот службеник е 3.000 денари помала од основната плата од 18 илјади денари, рече Коцевски, покажувајќи транспарент „Живот на полицаец вреден 400 евра“.

Од Независниот синдикат за образование и наука го истакнаа проблемот со неусогласената минимална плата во секторот образование и најавија дека ќе продолжат со помасовни протести доколку не се реши проблемот се пресметување на платата.

– Денеска пред Владата, има огромен број просветни работници кои го искажуваат сопствениот револт поради ниската потпросечна плата и поради начинот на кој се прави пресметката за плата. Ако во нашата држава минималната плата е 18.000 денари повикуваме, апелираме и најавуваме дека од ден на ден ќе бидеме побројни тука доколку не се најде решение за просветниот работник конечно да добие достоинствена плата согласно законите и согласно животниот стандард, порача Томислав Гиевски, претседател на Независниот синдикат за образование и наука.

Синдикалните претставници обвинија и дека не им било дозволено да постават шатори пред Владата.

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата, Гоце Делчев рече дека на трети месецов испратиле барање за таа намена до градоначалникот и Советот на Град Скопје и директорите на јавните претпријатија „Улици и патишта“ и „Паркови и зеленило“, но оти „решението е затаено во административната лавиринтска постапка на Градот Скопје.

Претседателот на Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија, Марјан Ристески, пак, ја поздрави одлуката на просветните работници да се приклучат на протестот, а на останатите им порача да се охрабат да си ги побараат своите права.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Се запали Boeing 737 полн со патници

Read more

Македонија

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Read more

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Read more

Падна дрво во населбата Автокоманда

Read more
 

Вести

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе