Прв пациент прими експериментална вакцина против рак

Фармацевтската компанија Moderna создаде експериментална вакцина која би можела да помогне во борбата против ракот, пишува The Sun.

81-годишен старец со неизлечив карцином на кожа е првиот човек кој прими експериментална вакцина уште во октомври лани.

Неговиот идентитет не е објавен, но тој рече дека „се чувствува како да придонесува за нешто што може да им помогне на многу луѓе“.

Вметнатиот генетски материјал (РНК) ги имитира маркерите пронајдени на површината на клетките на ракот и го „учи“ телото да се бори со нив“ – исто како што е случајот со вакцините во пандемијата.

Д-р Дејвид Пинато и неговиот тим од Империал колеџ во Лондон тестираат сè за да видат дали вакцината е доволно безбедна за тригодишно глобално тестирање.

Тој се надева дека вакцината ќе може да ги лекува пред сè ракот на кожата и белите дробови, а потоа и другите цврсти тумори како што се цревните тумори и туморите на дојката.

„Истражувањето е во рана фаза. Но, се доближуваме до терапии кои се потенцијално помалку токсични и попрецизни“, изјави Пинато.

Д-р Кајл Холен од Moderna рече дека сите се возбудени поради првите резултати и дека се надева дека ова ќе воведе нова ера во лекувањето на ракот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе