Прв тизер за Deadpool & Wolverine, најочекуваниот филм на годината

По речиси шест години, се враќа најпопуларниот антихерој на Marvel- Дедпул, кој го игра Рајан Рејнолдс.

Marvel Entertainment го објави првиот тизер за вториот дел од Deadpool, насловен Deadpool & Wolverine, кој беше прегледан повеќе од шест милиони пати во рок од пет часа.

Откако Disney го купи студиото Fox во 2019 година, кое ги имаше правата на адаптациите на X-Men и Deadpool, Deadpool официјално се приклучи на Marvel Cinematic Universe (MCU) во новиот филм, што е очигледно и од самиот тизер.

Тизерот започнува со роденденската забава на Дедпул, која е прекината од Time Variance Authority, последен пат виден во втората сезона на серијата Loki. Во тизерот накратко го гледаме и Вулверин кој го игра Хју Џекмен.

Новиот дел од Deadpool го режираше Шон Леви, режисерот на франшизата Night at the Museum кој соработуваше со Рејнолдс на филмовите Free Guy и The Adam Project. Рејнолдс и Џекмен, во филмот играат Ема Корин, Морена Бакарин, Роб Дилејни, Лесли Угамс, Каран Сони и Метју Мекфаден.

Фановите едвај го чекаат филмот

Тизерот за филмот ги воодушеви обожавателите кои со години чекаат на нов дел од Deadpool.

Тие ги споделија своите реакции на социјалните мрежи.

„Навивам овој филм да го сруши актуелниот тренд на Марвел“, „Не ми се верува колку долго чекав нов филм за Дедпул. Многу сум возбуден“, „Ова е најочекуваниот филм на година за мене“, „Се надевам дека ова ќе го освежи MCU“, се само дел од коментарите на фановите.

Deadpool & Wolverine излегува во кината на 26 јули 2024 година.

Remote video URL
Тагови
реклама

Лавров до Трамп: Наместо во Венецуела, треба да се реагира во Белгија, таму е поопасно

Read more

Земјата 2.0 излезе дека е мртов свет

Read more

Земја на раб на војна дава милион долари на секој фудбалер ако се пласира во мундијалскиот бараж

Read more

Меси: Со сопругата постојано разговарам за враќање во Барселона

Read more

Филм & ТВ

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Read more

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Read more

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе

Објавен официјален трејлер за биографскиот филм за Мајкл Џексон

Читај повеќе

Stranger Things пишува историја: Финалето на серијата ќе се прикажува во кината ширум светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Роуан Аткинсон се враќа: Netflix објави трејлер за серијата Man Vs Baby

Читај повеќе
  • play_arrow

Шварценегер го откри единствениот римејк на негов филм што би сакал да го види

Читај повеќе
  • play_arrow

Северина падна на концерт: Се сопна танцувајќи и прсна во смеа

Читај повеќе
  • play_arrow

Нела Манческа со песната Miracle ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг 2025

Читај повеќе
  • filter

Кендал Џенер се разголе за 30-тиот роденден

Читај повеќе

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов

Читај повеќе