Го знаеме како Роки и Рамбо, но Силвестер Сталоне сега добива свој филм.
Netflix работи на документарен филм насловен Sly, кој ја раскажува приказната за животот и кариерата на актерот, сценарист, режисер и продуцент номиниран за Оскар, како и ликовите што ги оживеал низ годините.
Кариерата на Сталоне се протега над 50 години и забавуваше милиони. Неговите блокбастерски франшизи како Rocky, Rambo и The Expendables се незаборавни.
Филмот во режија на Том Зимни ќе ни даде внимателен и интимен поглед на триумфите и борбите на Сталоне.
До пристигнувањето на документарецот овој ноември, погледнете го тизерот кој беше објавен деновиве.